Valorant Турнири

Valorant по своето објавување доби огромен број на фанови ширум светот и бројката расте секојдневно затоа што играта ги освои срцата на навивачите, а ширум светот се организираат голем број турнири, иако најголем дел од нив се играат онлајн поради ситуацијата со вирусот.

Турнирите се поделени во повеќе групи, односно постојат S-Tier, A-Tier, B-Tier, C-Tier во кое се натпреваруваат одреден број екипи и тие се поделени според нивниот квалитет.

S-Tier турнирите се оние на кои настапуваат само најдобрите тимови во светот. Финалињата на турнирите се играат онлајн, а наградните фондови изнесуваат над 100.000 долари.

Потоа следат турнири од A-Tier. Тие имаат наградни фондови над 50.000 долари, а во нив има квалификациски систем кој е за нијанса подолу по квалитет за разлика од S-Tier, како што на пример се отворените квалификации.

Турнири кои се за нијанса со послаб квалитет од A-Tier се оние од B-Tier, а наградните фондови им се од 2.000 до 50.000 долари. Нивната важност е многу помала од претходните два турнири.

Најслабите турнири кои се одржуваат се во C-Tier и тие имаат наградни фондови од 5.000 долари или помалку, а најчесто се одржуваат во некој регион или во одредена држава.

Valorant е популарен и во Македонија, а првиот турнир во организација на Македонската е-Спорт федерација беше одржан во јуни минатата година, кога се натпреваруваа неколку екипи, а на крајот во возбудливо финале триумфираа eSports ENTiTY кои станаа први шампиони во Valorant во Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*