Valorant

Valorant е бесплатна игра со пукање во прво лице која ја создаде и објави Riot Games за Windows. Играта беше најавена под името Project A во октомври 2019 година, а затворената бет верзија беше објавена на почетокот на април, додека официјалната верзија беше пуштена за играчите на 2 јуни 2020 година.

Valorant е тимска игра која е сместена во блиска иднина. Играчите преземаат контрола над агентите, односно ликови кои доаѓаат од различни земји и култури ширум светот. Во главниот мод на играта, играчите се придржуваат или до напаѓачкиот или до одбранбениот тим при што секоја екипа има по пет играчи.

Агентите имаат единствена способност и користат економски систем за купување на свои способности и оружја. Играта има голем асортиман на оружја, како што се пиштоли, автомати, како и други пушки.

Во стандардниот начин на игра, мечот се игра во 26 рунди, па така екипата која прва ќе освои 13 рунди го добива натпреварот. Напаѓачкиот тим има бомба која се нарекува „Spike“, која треба да ја постави на местото предвидено за бомбата. Ако напаѓачкиот тим го заштити и детонира, тогаш ја добива рундата. Ако одбранбениот систем успешно ја уништи бомбата или заврши времето од 100 секунди, тогаш одбранбените играчи ја добиваат рундата.

Во Spike Rush модот се игра меч во седум рунди, при што првата екипа која ќе освои четири рунди го добива мечот. За дополнително да се намали должината на играње, оружјата се поинакви во секоја рунда и секој напаѓачки играч носи Spike кој може да го активира на одредено место.

Постои Competitive мод на играта кој се базира на систем на кој секој од играчите добива ранг по пет одиграни меча. Пред да се игра во ваков мод, ќе мора да победите 10 меча претходно. Во јули 2020 година, Riot го претстави условот „победи во две“ за competitive натпревари, каде што наместо играње на рунда 12-12, тимовите ќе играат рунди во напад и одбрана додека не обезбедат триумф во два меча.

Deathmatch беше претставен на 5 август 2020 година. 14 играчи влегуваат во деветминутен free-for-all меч и првиот кој ќе стигне до 40 убиства ќе го добие мечот. Играчите оживуваат со случаен агент, па сите способности се оневозможени.

Escalation модот е претставен во февруари 2021 година и е сличен како концептот gungame во Counter-Strike и Call of Duty: Black Ops. Играта ќе избере 12 случајни оружја со кои ќе може да се натпреваруваат играчите. Постојат два услови за победа, еден е ако тимот ги мине успешно сите 12 левели, или ако еден тим е на повисоко ниво од другиот во рок од 10 минути.

Има многу агенти кои им се на располагање на играчите. Секој агент има различна класа која покажува колку често се игра тој агент. Постојат Duelists во кои се вклучени Jett, Phoenix, Reyna, Raze и Yoru. Sentinels се во дефанзивната линија, а во неа се вклучени Sage, Cypher и Killjoy. Следни се Initiators во кои се вклучени Skye, Sova и Breach. Последната класа се Controllers, во кои се вклучени Viper, Brimstone, Omen и Astra.

Valorant ја објави Riot Games, кои претходно ја создадоа League of Legends. Развојот почна во 2014 година, во рамки на нивниот оддел за истражување и развој. Џо Зиглер, директорот на Valorant, е заслужен за почетокот на идејата за играта. Дејвид Нотингам е креативен директор за Valorant. Тревор Ромлески е бивш дизајнер во League of Legends додека Салваторе Гароцо е дизајнер на мапа за Counter Strike: Global Offensive. Моби Франк, бивш програмер на Valve, е уметнички дизајнер на ликовите за Half-Life 2 и Team Fortress 2, и уметнички директор за Valorant.

Valorant прво беше најавен под името Project A во октомври 2019, а официјално е објавен на први март 2020 година со видео на Јутјуб под името „The Round“. За да добијат шанса за пристап до beta верзијата, играчите своите Riot Games акаунти морале да ги поврзат на Twitch, а притоа играчите да ги гледаат преносите во живо.

Valorant е често споредуван со CS:GO, при што двете игри имаат по два тима од по пет играчи, додека едниот играч се обидува да ја активира бомбата.

Остин Гослин од вебсајтот Polygon ја пофали бета верзија и кажа дека е една од најзабавните игри кои ги играл. Првиот ден од објавувањето на оваа верзија, Valorant скокна на втората позиција по гледачи во живо во историјата на Twitch со 1,7 милиони гледачи, додека повеќе гледана игра од неа бил LoL.

Valorant, како и останатите игри, стана активен во е-Спортот. Riot Games реши да го создаде првиот турнир, кој беше наречен First Strike за да создаде фондација на е-Спорт сцената. Во ноември 2020 година, Riot Games го најави Valorant Champions Tour во 2021 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*