Valorant Играчи

Champions Tour во Valorant во организација на Riot Games во моментов е активен и ќе се одржува во текот на целата година, а играчите ќе се натпреваруваат за големи награди и успех во однос на ривалите.

Во продолжение ќе ви претставиме осум од Valorant играчите кои се најдобри во оваа популарна игра, која доби милиони фанови ширум светот.

Tenz е професионален играч од Канада. Тој ја почна неговата кариера во Cloud9 Blue, па во моментов технички уште е дел од екипата, но во претходниот период игра на позајмица во Sentinels. Тој е неверојатно брз и непредвидлив играч, кој сака дуели со противниците. А благодарение на неговите потези се наоѓа највисоко на листата.

Asuna е уште еден играч кој има само 17 години и се натпреварува за 100 Thieves, па во моментов е еден од најдобрите играчи во светот. Негови агенти често се Raze и Phoenix, па без разлика со кој игра, Asuna доминира на пресметките со ривалите.

Sick е поранешен играч во CS:GO, кој настапуваше за Misfits, TSM и Complexity, а откако се приклучи на Valorant, тој настапува за Sentinels и е еден од најдобрите во светот. Најголема предност на Sick е тоа што може да покрива повеќе улоги во натпреварите.

Babybay е најдобриот Valorant играч на FaZe. Американецот игра агресивно на борбите. Тој е фантастичен во нападите, но и уште подобар во одбраните на неговиот тим, па затоа најде место на оваа листа.

Zyppan е нова ѕвезда во популарната видео игра, посебно по неговите настапи во VCT Stage 2 Challengers 1. Ова момче од Шведска има само 18 години и настапува за FunPlus Phoenix. Иако игра како Duelist, тој некогаш знае да биде опасен и за Sage од време на време.

Hiko е ѕвезда на 100 Thieves, како и најискусен играч кој во минатото има настапувано во CS:GO. Неговото искуство речиси секогаш се покажува како пресудно во борбите на неговите екипи, па има многу успеси во минатото.

ShahZam е уште еден поранешен играч од CS:GO, на кој одлично му „легна“ Valorant. Тој е голем тактичар и притоа може да игра повеќе улоги во неговата екипа.

Steel е многу добар играч во напад и одбрана, а најдобрите резултати ги постигна со Killjoy. Тој знае одлично да ги предвиди потезите на ривалот и да се постави на вистинско место во вистинско време.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*