League of Legends (LoL)

League of legends е онлајн игра која е развиена од компанијата Riot Games. Таа е бесплатна и инсписирана од игрите Warcraft III: The Frozen Throne и Defense of the Ancients (DOTA). Како и во Dota 2, така и во LoL, играчите имаат за задача да управуваат херој со уникатни магии и да се борат против тим со други играчи. Целта е да се уништи противничкото јадро, односно Nexus, кој се наоѓа во центарот на базата, која е заштитена со одбранбени структури.

Сите херои почнуваат слаби во играта, но како минува времето така со предмети и добивање на experience поени се зголемува нивниот левел и моќ.

LoL беше добро прифатена игра по нејзиното издание, а од тогаш добива голема популарност и постојано расте бројката на играчи. До јули 2012 година, LoL стана најиграната игра за компјутер во Северна Америка и Европа по број на одиграни часови, а од јануари 2014 година над 67 милиони луѓе ја играле LoL месечно, 27 милиони по ден и над 7,5 милиони во најпопуларните часови.

Во септември 2016 година компанијата процени дека има над 100 милиони активни играчи секој месец, а популарноста донесе и создавање на облека и предмети кои се со тема од играта, па така тие се продаваат преку интернет.

Постојат голем дел натпреварувања во LoL, а Riot Games го организира League Championshop Series, кој е лоциран во Лос Анџелес во САД и Берлин во Европа, а кој е составен од 10 професионални тимови за секој континент. Слични натпреварувања постојат во Кина, Јужна Кореја, Тајван и други региони.

LoL содржи три различни модови за играње, а тоа се Summoner’s Rift, Twisted Treeline и Howling Abyss. Уште еден мод беше Crystal Scar, кој беше отстранет. Во секој мод, играчите конторлираат карактери, односно херои кои се избрани за натпреварот, а секој од нив има уникатни способности кои го решаваат нивниот стил на игра.

По користење на способност на некој херој, таа не може повторно да се користи на одреден период, односно таа е на cooldown. Секој херој има автоматски или основен напад со кој ѝ се нанесува штета на метата, но најголем дел од штетата се прави преку специјалните способности на хероите.

Summoner’s Rif е најпопуларната мапа во LoL. На оваа мапа се соочуваат две екипи од пет играчи кои се обидуваат да го уништат противничкиот Nexus, кој е заштитен од дефанзивните структури. Еден Nexus е сместен во секоја од противничките бази на спротивните страни на мапите, во долниот лев агол и горниот десен агол. Има три патишта до неа, каде што се распоредени играчите кои се борат против ривалите, а меѓу нив се наоѓа шума поделена во четири делови.

Во моментов има повеќе од 143 херои во LoL, а лигата ги дели своите херои на различни начини. Најголема разлика е во типот на штетата, која ја нанесува одреден херој, како и оклопот кој ги спречува физичка штета. Riot Games ги подели хероите во шест типови за да им се помогне на почетниците, а секоја класа е поделена на две или три подкласи.

Riot Games е создаден од страна на Бек и Марк, кои биле цимери на Универзитет во Јужна Калифорнија, а тие се запознале и почнале партнерство со Фик, кој е дизајнер на Warcraft III: Frozen Throne, односно мапата Defense of the Ancients.

Со користење на инспирација на Dota модот создале заедница Aeon64, а по пуштањето на Warcraft III: Reign of Chaos и подоцна World Editor во 2002, Dota е направена од друг модератор, кој го поддржал Aeon64.

Riot Games официјално отвори канцеларија во септември 2006 година, и од 2013 година има над 1.000 луѓе кои работат на LoL. Марк додека ги правел различните херои за играта, наместо да го остави дизајнот на само неколку луѓе, тој решил да го отвори процесот на правање на херои и тој да биде досапен за сите, кои потоа може да гласаат за тоа кој херој да биде вметнат во играта.

Lol е една од видео-игрите кои се најголеми во е-Спортот и која организира голем број турнири ширум светот во текот на една календарска година. Како професионален е-Спорт се смета од 2016 година, а од тогаш Lol имаше 29 милиони долари во наградни фондови, 4.083 играчи и 1.718 турнири, односно во споредба со Dota 2, финанискиот дел е речиси двојно помал, додека има двојно повеќе играчи и турнири.

Светското првенство во првата сезона беше одржана во DreamHack во Шведска во јуни 2011 година и имаше 100.000 долари награден фонд, а Fnatic беше шампион. Исто така, треба да се спомене дека настанот го следеле повеќе од 1,6 милиони гледачи преку интернет. По првата сезона, Riot најави пет милиони долари во наградниот фонд за следната сезона, а исто така парчните средства растеа како што минуваа годините.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*