League of Legends Турнири

League of Legends е онлајн видео-игра која е развиена од Riot Games во 2009 година, а е инспирирана од Defense of the Ancients, како што кажавме и претходно, па секоја година, односно сезона се одржуваат голем број турнири ширум светот, а дел од турнирите се играат онлајн.

Постојат многу турнири, кои се поделени во повеќе рангови во зависност од квалитетот на екипите, но вреди да се споменат неколку од нив, а ние во продолжение ќе ви ги претставиме трите најважни.

Еден од нив е World Championship, кој за првпат беше одржан во 2011 година, а уште едно натпреварување се појави во 2013 година и станува збор за All-star, додека од 2015 година се одржува Mid-Season Invitational.

League of Legends World Championship се организира од страна на Riot Games и тоа на крајот на сезоната. Тимовите се натпреваруваат за шампионски трофеј тежок 32 кг и мулти-милионска награда. Во 2018 година финалето го гледаа 99,6 милиони луѓе и така го урнаа рекордот кој беше поставен една година претходно. Турнирот доби награди за целата атмосфера која ја приредува затоа што секогаш е драматично и исполнето со емоции.

Овој турнир стана најгледан и сите го очекуваат секоја сезона, а поради неговиот успех се споменува и можен олимписки настан, кој ќе иде вклучен во Азиските игри во 2022 година. Турнирот секоја година се одржува на различни локации, а екипата од Јужна Кореја, T1 е најуспешен со три освоени титули.

League of Legends All-Star настанот е меѓународен турнир од популарнат авидео-игра, каде што гласовите на навивачите за нивните професионални играчи ги одредуваат тие кои ќе се натпреваруваат еден против друг во различни дисциплини.

Mid-Season Invitational е турнир кој исто така е организиран од Riot Games, и тоа од 2015 година. Тоа е втор најважен меѓународен турнир во League of Legends, веднаш по World Championship.

Во 2015 и 2016 година настанот го претстави Spring Split шампионот на петте главни натпреварувања кои се поделени според региони, а дел од екипите добиваат и специјални покани.

Во 2015 година Edwards Gaming од Кина го освои турнирот, по што следат две титули за SK Telecom T1 од Јужна Кореја, па Royal Never Give Up го врати трофејот во Кина, а на крајот G2 ја освои титулата во 2019 година, по што настанот беше откажан следната година поради пандемијата на ковид-19.

Освен овие турнири, постојат многу други кои се одржуваат во текот на целата година, а на кои се натпреваруваат најдобрите екипи во LoL, но и аматерски тимови кои се борат за мали парични награди.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*