League of Legends Тимови

LoL има огромна публика во светот, а тоа е со добра причина бидејќи секогаш видео-играта ви нуди забава. Ние во продолжение ќе ви ги претставиме едни од најдобрите тимови во League of Legends.

Gen G Esports немаше премногу завидни резултати во минатата година, која ја одбележа вирусот, а еден од најдобрите достигнувања им беше поразот во финалето од T1 со 0-3 во април.  инаку, Gen G е екипа која има 57% успешност во натпреварите од популарната видео-игра и со 1.175 поени завршија на 10. позиција на табелата.

Top Esports е екипа која доживеа најголем раст за краток период. Тие беа создадени во 2017 година, а во моментов имаат успешност од 56% и 1.200 поени, па така се наоѓаат на деветтата позиција.

Fnatic е една од најголемите е-Спорт организации во светот, па тие имаат тимови во речиси сите видео-игри, меѓу кои е и League of Legends, каде што пораснаа во еден од најдоминантните тимови. Во моментов имаат 65% успешност и 1.202 поени.

JD Gaming е еден од најконстантните екипи во популарната видео-игра. Тие минатата година го шокираа FunPlus Phoenix, кој беше освојувач на Светското првенство за 2019 година. А интересно е што до април минатата година имаа 100% успешност во месецот, па добија 1.209 поени.

Invictus Gaming е еден од најуспешните тимови во Азија. Тие го освоија Светското првенство во 2018 година со неверојатна доминација. Тие беа толку добри што го суредија Fnatic во најбрзата пресметка во историјата на League of Legends.

Cloud9 gaming во моментов е најдобар тим во League of Legends во Северна Америка. Тие го освоија LCS Spring 2020 со победа од 3-0 против FlyQuest, а во моментов имаат 1.260 поени на листата.

G2 Esports се ребрендиран тим од 2015 година, а финалистот од 2019 година во моментов е најдобар на европската ранг-листа со 1.297 поени.

T1 Esports е трикратен светски шампион, па во моментов е најдобра екипа во League of Legends со 1.307 бодови. Тие во историјата имаат успешност од 74% и тоа е навистина неверојатен податок.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*