Fortnite

Fortnite е онлајн видео-игра која е развиена од страна на Epic Games во 2017 година. Таа е достапна во три различни модови, и тоа Fortnite: Save the World во која четири играчи се борат против зомбиња, Fortnite Battle Royale во која се вклучени до 100 играчи и се борат да остане еден жив и Fortnite Creative е развиена со цел да им се дозволи на играчите да создаваат светови и свои арени за борба.

Додека Save the World и Creative верзиите беа успешни за Epic Games, Fortnite Battle Royale привлече повеќе од 125 милиони играчи за помалку од една година, а притоа заработуваше стотици милиони долари месечно.

Fortnite: Save the World е почната од Epic Games и објавена по појавувањето на Gears of War 3. Идејата да се спојат детали од игрите како Minecraft и Terraria водеше до создавање на Fortnite. Epic Games беа подготвени да ја објават Fortnite како платена верзија во јули 2017 година, со план да пушти бесплатна верзија во 2019 година.

Во ист период кога Epic ја пушти Fortnite во продажба, PlayerUnknown’s Battleground стана светски феномен и беа продадени повеќе од пет милиони копии за три месеци во 2017 година. Epic веднаш разбра дека со основната верзија не можат да бидат конкуренција, па затоа додадоа Battle Royal мод, кој беше развиен за само два месеци. Во септември 2017 година беше објавена бесплатната верзија, која за краток период доби околу 10 милиони играчи.

Fortnite Creative е уште една верзија на играта, која беше објавена на 6 декември 2018 година, а секој играч доби дозвола до приватен имот на кој можеа да градат и да додаваат одредени објекти, а исто така можат и да ги поканат пријателите на островот и да учествуваат во пријателски борби.

Модот Save the World достигна еден милион играчи до август 2017 година до објавувањето на Battle Royale, која стана најважниот финансиски успех на Epic Games и ги натера да создадат два тима, кои ќе работат на посебните верзии на игрите за да им се даде подобра поддршка на играчите.

За само две недели од објавувањето на играта над 10 милиони играчи учествуваа во новиот мод и до 2018 година достигна 125 милиони играчи, а заработката од Battle Royale во првата половина на 2017 година изнесуваше стотици милиони долари месечно, со што 2018 година беше завршена со неверојатни 2,4 милијарди долари.

Fortnite го привлече интересот и на познатите личности, кои донесоа многу играчи на играта, а првиот пренос беше одржат во март 2018 година, кој урна рекорд на Twitch. Epic Games работеше и на развивање на е-спорт натпреварувања во Fortnite Battle Royals, како што беше Fortnite World Cup во јули 2019 година и имаше награден фонд од 30 милиони долари.

Во 2017 година оваа игра беше номинирана за Best Co-op игра од PC Gamer и Best Spectator Games од IGN. Во 2017 година ја дои наградата за Best Ongoing Games од PC Gamer, како и од IGN, по што беше номинирана и за Best Nintendo Switch Game, Best Mobile Game и Best Action Game.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*