Во Counter-Strike: Global Offensive се организираат голем број турнири, а едни од најважните се Majors турнирите, односно Мастерсите, кои се спонзорирани од Valve. Првиот беше организиран во 2013 година во Шведска од страна на DreamHack со награден фонд од 250.000 долари, кој се подели меѓу 16 екипи.
5 years ago today we hosted our first (and only) @CSGO Major at @MLG hosted at the @NationwideArena
— Adam Apicella (@MrAdamAp) April 1, 2021
I found that ticket picture online, who has a lanyard or a ticket to share?
PS I want to run another one. pic.twitter.com/nXXr6oTEE4
Од тогаш, Мастерсите се зголемија, а најновите турнири имаат наградни фондови и по два милиона долари, како и настап на 24 тима кои доаѓаат од цел свет. Мастерсите се сметаат за најважните турнири.
Шведските тимови, меѓу кои SK Gaming, доминираше на првите Мастерси. Многу тимови од други делови од светот ги освоија турнирите во останатите серии од играта, како што беа Team 3D од Соединетите американски држави на CPL Winter 2002 и WCG 2004, NoA од Норвешка на CPL 2004, Mibr од Бразил на ESWC 2006, WeMade FOX од Јужна Кореја на WEM 2010.
5 years ago today: the MLG CSGO Major.
— Robert Paul (@tempusrob) April 1, 2021
My first event with MLG. NA’s first CSGO Major. pic.twitter.com/VFEj8AeFqE
На 16 септември 2016 година, една година по објавувањето на Global Offensive, Valve најави награден фонд од 250.000 долари за првиот Мастерс турнир. Valve соопшти дека турнирот ќе се организира во Шведска, а организатор е DreamHack. Турнирот го освои Fnatic кој го совлада Ninjas in Pyjamas во финалето. По DreamHack 2013, Vlave Објави дека ќе станат партнери со организатори кои ќе одржат три големи Мастерси годишно. Овие Мастерси се најпрестижните настани на сцената во CS:GO и професионалните играчи често ги ценат според перформансите кои ги имале на турнирите.
Првите Мастерси беа освојувани од страна на шведските тимови, а Fnatic и Ninjas in Pyjamas освоија четири од шест турнири. NiP играше на пет од шест финалиња. Кога Fnatic славеше во Келн во 2015 година, тие станаа прв тим кој одбранил ист Мастерс турнир, а исто така го освоија третиот трофеј по ред.
Both our #CSGO teams will be playing today in their #CSL Tournaments today!
— Esports at UCF (@EsportsatUCF) March 27, 2021
⚔️ #CSGO Black vs @CPPEsports
🕓 4PM EDT
📺 https://t.co/UGGIRf4VnR
⚔️ #CSGO Gold vs @Longhorn_Gaming
🕔 5PM EDT
📺 https://t.co/mi4Mj5bNcs
You don’t wanna miss it! 😎 pic.twitter.com/k5OT72aNik
На крајот на 2015 година Valve соопшти дека MLG ќе го организира првиот Мастерс турнир во Северна Америка. Во февруари 2016 година Valve објави дека ќе го зголеми наградниот фонд од 250.000 долари на еден милион долари. Исто така, Valve го намали бројот на Мастерси од три на два годишно. Luminiosity Gaming, бразилски тим, стана прв тим кој не е од Европа и кој освоил Мастерс. Тие освоија уште еден трофеј, и тоа во Келн во 2016 година. Gambit од Казахстан го освои турнирот во Краков во 2017 година и стана прв азиски тим кој освои Мастерс турнир.
На 13 декември 2017 година, генералниот менаџер на ELEAGUE, организаторот на ELEGAUE Major во Бостон, објави дека ќе се промени форматот, и од 16 тима ќе се зголеми бројката на 24 тима. Ова беше прв Мастерс, кој се играше во повеќе града, a Cloud9 стана првиот тим од Северна Америка да освои Мастерс.
По Бостон 2018, данскиот тим Astralis стана најдобар тим во CS:GO и еден од најдобрите во историјата на видео-играта, откако славеше на турнирите во Лондон 2018, Катовице 2019 и Берлин 2019. Astralis стана прв тим кој освои три Мастерси по ред и четири вкупно. По Berlin 2019, Vlave и ESL го најавија Мастерсот во ESL One Rio 2020. Тој беше закажан за мај, но потоа одложен за ноември поради пандемијата на ковид-19. Мастерсот имаше награден фонд од два милиони долари.
Турнир | Организатор | Град домаќин | Победник | Резултат | Второ место |
Dreamhack Winter 2013 | DreamHack | Јонкопинг | Fnatic | 2-1 | Ninjas in Pyjamas |
EMS One Katowice 2014 | ESL | Катовице | Virtus.pro | 2-0 | Ninjas in Pyjamas |
ESL One Cologne 2014 | ESL | Келн | Ninjas in Pyjamas | 2-1 | Fnatic |
DreamHack Winter 2014 | DreamHack | Јонкопинг | Team LDLC.com | 2-0 | Ninjas in Pyjamas |
ESL One Katowice 2015 | ESL | Катовице | Fnatic | 2-1 | Ninjas in Pyjamas |
ESL One Cologne 2015 | ESL | Келн | Fnatic | 2-0 | Team EnVyUs |
DreamHack Open Cluj-Napoca 2015 | DreamHack | Клуж | Team EnVyUs | 2-0 | Natus Vincere |
MLG Major Championship: Columbus 2016 | Major League Gaming | Колумбус | Luminosity Gaming | 2-0 | Natus Vincere |
ESL One Cologne 2016 | ESL | Келн | SK Gaming | 2-0 | Team Liquid |
ELEAGUE Major: Atlanta 2017 | ELEAGUE | Атланта | Astralis | 2-0 | Virtus.pro |
PGL Major: Kraków 2017 | PGL | Краков | Gambit Esports | 2-1 | Immortals |
ELEAGUE Major: Boston 2018 | ELEAGUE | Бостон | Cloud9 | 2-1 | FaZe Clan |
FACEIT Major: London 2018 | Faceit | Лондон | Astralis | 2-0 | Natus Vincere |
Intel Extreme Masters Season XIII – Katowice Major 2019 | ESL | Катовице | Astralis | 2-0 | ENCE |
StarLadder Major: Berlin 2019 | StarLadder ImbaTV | Берлин | Astralis | 2-0 | AVANGAR |
Сите следни турнири, односно распоредот на турнири, како и наградни фондови и останати детали може да ги пронајдете на линкот кој се наоѓа ТУКА.
Be the first to comment