Fortnite Играчи

Fortnite се појави на сцената во 2017 година како нова Battle Royalе видео-игра која го освои светот. Од нејзиното објавување, Fortnite стана еден од најголемите е-спортови во светот и има многу поголеми наградни фондови од некои други видео-игри. Најдобрите 10 играчи во Fortnite заработија повеќе од седум милиони долари.

Bugha е на врвот на листата и тоа заслужено. Досега не постои поголем турнир од World Cup во 2019 година. Тој турнир имаше најголем награден фонд и Bugha ги заврши квалификациите на највисоко место, а потоа беше најдобар и на Светското првенство. Тој заработи повеќе од три милиони долари во неговата кариера и е најбогат во Fortnite.

Zayt е суперѕвезда во оваа популарна видео-игра. На Светското првенство, Zayt заедно со Saf беше најдобар во конкуренција на тимови до последната игра, кога загубија рано и испуштија многу места на ранг-листата, па завршија дури на четврто место и освоија еден милион долари, а Zayt играше и на соло турнирот, но заврши на неславната 36. позиција.

Aqua е на третата позиција на вечната листа. Тој е најдобриот играч од Европа, кој е еден од најтешките региони за успех, но и покрај тоа Aqua го пронајде патот до успехот. Тој во кариерата освои повеќе од 1,5 милиони долари.

Benjyfishy е трет најдобар играч од Европа и втор британски играч. На Светското првенство заврши на 14. позиција во конкуренција на тимови и на 25 место во соло, но може да се пофали со заработка од 494.600 долари.

Tfue беше крал во FOrtnite и остана главно лице во стримовите на популарната видео-игра, па тој има голем број навивачи, а на неговите канали има и по 30.000 гледачи дневно. Тој се квалификуваше за Светското првенство во соло конкуренција, но заврши на 67 позиција.

EpikWhale доаѓа на шестата позиција и единствен играч од North American West регионот. Негов најдобар ранг во кариерата е петто место благодарение на заработката. Исто така, тој беше успешен на Светското првенство на кое заврши на трето место во соло и на 12. во тимови.

Saf е еден од најдобрите натпреварувачи од Северна Америка и најдобар во конкуренција на тимови во видео-играта. Заедно со Zayt го освоија четвртото место на турнирот. Тој има освоено повеќе од еден милион долари од наградни фондови.

Mongraal е еден од најдобрите во Европа. Тој стана популарен на крајот на 2018 година и почетокот на 2019, кога неговиот Twitch профил доби многу прегледи. По Светското првенство, Mongraal почна помалку да прави преноси затоа што се фокусираше да стане најдобар играч во светот.

Mr.Savage ја изгради кариерата на крајот од 2018 година и почетокот на 2019. Тој има само 15 години и е професионален играч од Норвешка, како и дел од еден од најдобрите тимови во Fortnite. Тие доминираа на Светското првенство и добија огромен број навивачи.

Bizzle на Светското првенство беше во топ-10 фаворити за титулата, но сепак заврши на 23. позиција, по што следеше борба во неколку други популарни турнири, а во конкуренција на FNCS заврши на трета позиција во екипи и 12. место во соло, па стана еде од најдобрите во неговиот регион.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*