FIFA е видео-игра развиена од страна на Electronic Arts под покровителство на EA Sports. Фудбалските видео-игри како Sensible Soccer, Kick Off и Match Day беа развиени на крајот на 1980 година и тие веќе беа на пазарот со игри. До 2011 година, франшизата на FIFA беше достапна на 18 јазици и во повеќе од 51 држава, а исто така постави Гинисов рекорд како најпродавана спортска видео-игра во светот, а до 2021 година беа продадени повеќе од 325 милиони копии.
Серијалот почна во далечната 1993 година, а беше позната како прва која ја имаше официјалната лиценца од страна на Светската куќа на фудбалот (FIFA). Во последните изданија на видео-играта има голем број лиценцирани лиги и тимови ширум светот, меѓу кои се германската Бундеслига, втората германска лига, англиската Премиерлига и Чемпионшип-лигата, италијанската Серија А и Серија Б, шпанската Ла Лига и Ла Лига 2, француските Лига 1 и Лига 2, португалската Примеира, турската Суперлига и многу други.
Главниот серијал е составен од страна на најголемите турнири во светот, како што се Светското првенство, Лигата на шампиони, Лига Европа и Европското првенство, како и останати натпреварувања.
The 5-star Skillver CB of dreams. 🤹♂️
— EA SPORTS FIFA (@EASPORTSFIFA) March 31, 2021
A new Silver Stars Objectives Player is now unlockable in #FIFA21.#FUT pic.twitter.com/wAgsI341mj
Во ФИФА 21 на насловната страна се наоѓа напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој го наследи Еден Азар од Реал Мадрид, кој беше на претходната насловна страна. Лионел Меси се појави дури четири пати по ред од 2013 до 2016 година на насловната страна, а Вејн Руни беше најчесто во период од 2006 до 2012 година. По објавувањето на FIFA Mobile во 2016 година, Марко Ројс, Азар, Кристијано Роналдо, Нејмар, Пауло Дибала и Килијан Мбапе се појавија на насловната страна.
FIFA 12 го држи рекордот за видео-игра со најбрза продажба со 3,2 милиони копии и заработка поголема од 186 милиони долари во само една недела.
Игрите од FIFA серијалот се соочија со критики, по што тие добија директен ривал од Konami, и тоа Pro Evolution Soccer. И двете игри добиваа на популарност како минуваа годините, а FIFA имаше зголемување и до 23 проценти од година во година. Во 2010 година, FIFA продаде 100 милиони копии.
FIFA 95 претстави тимови од осум национални лиги, и тоа Бразил, Бундеслигата, Серија А, Ла Ллига, Премиерлига, Лига 1, американско првенство и холандската лига.
A big week in qualifying. 🗓⚽️
— EA SPORTS FIFA (@EASPORTSFIFA) March 31, 2021
An international flavoured #TOTW 27, available now in #FUT.#FIFA21 pic.twitter.com/TxRW9W93Eb
FIFA 96 понуди технологија наречена Virtual Stadium. Тоа е првата игра во која се појавија фудбалерите со вистинските имиња и позиции, како и опциите за трансфери и останато. Бразилските тимови имаа најлоши состави, а некои од нив беа составени и од веќе пензионирани играчи.
FIFA 97 на играчите им понуди повеќе лиги во кои можеа да се натпреваруваат од Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Германија и Малазија.
It was one of the most incredible Grand Finals in FIFA esports history!
— EA SPORTS FIFA (@EASPORTSFIFA) March 29, 2021
Watch the #ePremierLeague 20/21 Grand Final!
Manchester City @Shellzz 🆚 Leeds United @ollelito!
👀https://t.co/5pAza7jo9P
И тоа се само дел од промените кои се случија во минатиот век во оваа видео-игра, но како минуваа годините, така се развиваше играта сѐ повеќе.
Светот на е-Спортот можеби на некои не им е познат, но нема сомнеж дека расте секојдневно. Дел од натпреварите од FIFA се пренесуваат и на познати програми, како што е Sky Sports.
Едно од најпопуларните натпреварувања еПремиерлига, која има 40.000 фунти во наградниот фонд и инфраструктурата во е-Спортот постојано напредува и се создаваат професионални екипи.
Be the first to comment