Dota 2 (Defense of the Ancients 2)

Dota 2 е онлајн видео игра која е произведена од Valve. Оваа игра е продолжение на Defense of the Ancients (Dota), која беше еден вид на додатокот за Warcraft III: Reign of Chaos. Dota 2 се игра на натпревари помеѓу две екипи составени од пет играчи, кои бранат одреден дел од мапата.

Секој од играчите контролира моќен карактер, односно херој, кој има специјални способности и различен стил на игра. За време на натпреварите се собира experience и се составуваат предмети, односно оружја кои служат да се подобри херојот во однос на неговите ривали од противничкиот тим.

Развивањето на Dota 2 почна во 2009 година кога IceFrog, дизајнерот на Defense of the Ancients, бил ангажиран од Valve да создаде модерна верзија од играта, која потоа е достапна за неколку оперативни системи, а дигиталната дистрибуција на видео-играта почнува преку Steam во јули 2013 година.

Видео-играта е целосно бесплатна, а за да се финансира и да се заработи нешто дополнително, Valve реши да направи дополнителни предмети за играта, односно облека и слични работи, како што се и други претплати, меѓу кои и Battle pass.

Dota 2 има голема е-Спорт сцена, со тимови ширум светот кои се натпреваруваат во голем број професионални лиги и турнири. Valve создаде формат Dota Pro Circuit, кој е составен од серија на турнири преку кои се собираат поени со што потоа се обезбедува настап на Светското првенство во Dota 2, односно The International, кој има огромен награден фонд од 30 милиони долари.

Како што кажавме, Dota 2 е онлајн видео-игра во која две екипи со по пет играчи се натпреваруваат. Исто како и Defense of the Ancients, играта е контролирана со користење на стандардни контроли во реално време, а вашиот херој може да се гледа во неколку перспективи, од кои најкористена е птичјата перспектива.

Вкупно 10 играчи во натпреварите имаат за можност да изберат помеѓу 120 посебни карактери, односно херои, кои имаат свои посебни дизајни, силни страни и слабости. Хероите се поделени во две примарни групи, односно core (основни) и support (помошни).

Core хероите се карактери кои секој меч го почнуваат слаби, но стануваат посилни како минува времето и тие можат да го носат нивниот тим до триумф. Додека support (помошните) немаат способности со кои може да направат повеќе штета кон противниците, но затоа служат да им помогнат на останатите во нивниот тим.

Играчите ги бираат нивните херои пред стартот на секој натпревар, а откако еден играч ќе избере одреден карактер, тој повеќе не може да го избере никој друг од тимовите. Сите херои почнуваат од прв левел и со собирање на experience поени добиваат левели и така стануваат помоќни.

Со активирање на одредена способност, херојот користи т.н. mana поени, кои се регенерираат како минува времето. Кога ќе се искористи некоја способност не херојот, следи период во кој не може истата да се користи додека не се рестартира времето. Сите херои имаат три атрибути, а тоа се сила, интелигенција и брзина.

Во секој меч постојат два тима, кои се познати како Radiant и Dire, кои се наоѓаат на спротивните страни на мапата, која е разработена и поврзана со три патишта, а секој од хероите треба да брани некој од нив.

Неутралните creeps се движат по патеките и се раѓаат повторно доколку бидат уништени, а најсилен од нив во играта е Roshan, кој доделува одреден предмет на екипата која ќе успее да го совлада.

За да се обезбедат доволен број играчи на Defense of the Ancient кои ќе се преселат на Dota 2, Valve покани 16 познати тимови да се натпреваруваат во специфичен турнир на Gamescom во август 2011 година, а потоа турнирот го добива името The International.

Само од продажбата на Battle pass во 2013 година околу 2,8 милиони долари беа префрлени во наградниот фонд на The International, а тој фонд во 2019 година порасна на 34 милиони долари.

Dota 2 почна со многу турнири кои беа организирани, меѓу кои се Electornic Sports World Cup, DreamHack, World Cyber Games, ESL, а до 2011 година Dota 2 беше еден од најплатените е-Спортови, веднаш до Starcraft II.

Во последната половина на 2013 година Nexon од Јужна Кореја инвестираше 1,7 милиони долари во локални лиги во државата, а во февруари 2015 година, Valve го спонзорираше Dota 2 Asia Championships. Играчите до јуни 2017 година заработија околу 100 милиони долари, по што почнува дополнителното развивање.

Примарен медиум за професионален пренос на Dota 2 натпреварите од турнирите се одвива преку платформата Twitch, а притоа се ангажирани голем број на аналитичари, коментатори, како и многу други лица кои се инволвирани во е-Спортот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*