Dota 2 претрпе промени за оваа сезона, откако Valve го промени распоредот. Регионалните лиги ги заменија Minor турнирите, од кои ќе се одредуваат натпреварувачите на Major турнирите, односно Мастерс турнирите. Оваа натпреварувачка година е поделена во две сезони, а бројот на Мастерси е намален на два.
Составите на екипите мора да бидат познати пред почетокот на секоја сезона до крајот на Мастерс турнирот. Трансфер периодот почнува по Мастерсот и трае додека не стартува наредната сезона, но секоја промена во составот го чини тимот 15% од поените.
Only 1 week to go until the start of #ESLOne DPC Eastern Europe Season 2! 8 teams in both the Upper and Lower Division will be competing for a $280,000 total prize pool and a bunch of DPC points! pic.twitter.com/Xr6fR3OdDh
— ESL Dota2 (@ESLDota2) April 6, 2021
Форматот на Мастерсите е познат. На нив ќе настапуваат по 18 тимови, кои ќе бидат одредени преку различни квалификации, односно региони. По четири тима ќе бидат избрани од Европа и Кина, по три добиваат регионите SEA и CIS, а по два тима ќе добијат Северна Америка и Јужна Америка.
Секој од шест региони ќе организира регионална лига, поделена во повисоки и пониски девизии со по осум тима во секоја. Секоја лига ќе трае шест недели и на крајот на секоја лига, последните два тима испаѓаат во понизок ранг, додека најдобрите два од пониската лига добиваат промоција во повисок ранг.
The @arteezy curse: 26 DPC/Valve tournament appearances, 13 top 4 finishes, 0 wins https://t.co/DUebVM61YG #dota2 pic.twitter.com/6H8Y4emhNl
— Reddit Dota 2 (@redditdota2) April 4, 2021
Valve нема да ги користи поените од минатата сезона за да ги пласира екипите, туку ќе избере топ-4 тимови во најдобра форма од секој регион кои директно ќе се квалификуваат во повисок ранг, додека останатите места ќе бидат пополнети преку квалификации.
Освен богатите наградни фондови кои ги имаат турнирите, тимовите ќе освојуваат и поени врз база на освоеното место на некој од турнирите, а најдобрите 12 екипи со најмногу поени ќе се квалификуваат за The International 2021, односно Светско првенство во Dota 2. Останатите места ќе бидат пополнети преку шест регионални лиги со завршни квалификации.
The International e светски шампионат во е-Спорт за видео-играта Dota 2, кој е организиран од Valve. Овој турнир за првпат се одржа на Gamescom во 2011 година, а од тогаш секоја година традиционално се одржуваше, освен во минатата, поради пандемијата на ковид-19.
Од 2013 година, наградниот фонд е финансиран и од „battle pass“ системот кој го има играта и може секој играч да го купи, а тој им помага со статистика и останати предлози да станат подобри играчи во Dota 2. The International е турнир кој има најголем награден фонд во е-Спортот воопшто, а последен пат кога се одржа, наградниот фонд беше 34 милиони долари, а победникот го доби и Aegis of Champions трофејот.
The final day of The International begins in just seven hours. Tune in to the main broadcast or newcomer stream via https://t.co/D08yODyMeM from 10:00am PDT to catch all the fun and the action. Today, the Aegis of Champions will be raised. #TI8 pic.twitter.com/zdyaqRO9Vr
— DOTA 2 (@DOTA2) August 25, 2018
The International беше освоен за првпат од NaVi, кој доби 1,6 милиони долари, а следната година Invictus Gaming беа најдобри и заработија 1,6 милиони долари. Alliance доминираше во 2013 година и заработи 2,8 милиони долари, по што следеше голем скок и трофеј за Newbee, кој доби 11 милиони долари. Само една година подоцна Evil Geniuses триумфираа и добија 18 милиони долари, а потоа Wings Gaming победија и заработија 20,7 милиони долари. Титулата во 2017 година му припадна на Team Liquid, кој доби 24 милиони долари, а две години потоа доминираше OG, кој заработи вкупно 60 милиони долари.
The Aegis of Champions, successfully defended, returns to OG. #dota2 #TI9 pic.twitter.com/mbUjBYxJAG
— The International (@dota2ti) August 25, 2019
Valve го објави првото издание на The International на 1 август 2011 година, а тогаш беа поканите 16 тимови да се натпреваруваат. Турнирот беше финансиран од Valve, додека спонзор беше и Nvidia и тој се одржа на Gamescom во Келн од 17 до 21 август истата година.
Големата промена во видео-играта и финансирањето на турнирот доаѓа во мај 2013 година, и тоа со battle pass, кој додаде 1,6 милиони долари на наградниот фонд и тој изнесуваше 2,8 милиони. Како минуваа годините наградниот фон растеше, а поради тоа професионалните играчи во Dota 2 станаа најплатени во е-Спортот и така ги урнаа рекордите од StarCraft.
Miss the premiere of #TrueSight #TI9 ?
— The International (@dota2ti) January 29, 2020
📺Watch the full episode on YouTube here: https://t.co/17U1wAC3CD#dota2 pic.twitter.com/JmtPMyCTQm
Медиумите го пренесуваат овој спектакл, кој е најголем во светот на Dota 2, но и во светот на е-Спортот, а најчесто преноси се прават и преку Twitch со професионални коментатори, додека јазиците на кои може да се следи натпреварувањето се англиски, руски и кинески.
Во 2014 година, Valve објави нешто слично на документарен филм, во кој се следеа три професионални играчи за време на првиот The International во 2011 година. А во 2016 година, Valve почна да објавува епизоди од True Sight, кој стана голем хит кај фановите на оваа популарна видео-игра.
Be the first to comment