CS:GO Тимови

Тимовите во Counter-strike: Global Offensive собираат поени со учеството на турнирите и нивните резултати, а во моментов на првата позиција се Natus Vincere, по што следат Astralis, Gambit, Vritus.pro, Liquid, Vitality, Spirit, BIG, Complexity, FURIA во топ-10 на ранг-листата.

Natus Vincere во својот ростер ги има Flamie, S1mple, Electornic, Boombl4, Perfecto. NaVI  е еспорт организација чие седиште се наоѓа во Киев, Украина, а нивните играчи се разликуваат, зависи во кој спорт се натпреваруваат.

Тимот на NaVi во CS:GO стана првиот во историјата кој освои три големи турнири, и тоа Intel Extreme Masters, Electornic Sports World Cup и World Cyber Games во 2010 година.

По лошиот старт на Arbalet Cup CIS 2010 и освоеното четврто место, тие решија да го скокнат следниот турнир на ASUS Winter 2010, па така да може тимот да се подготви за Купот и украинските квалификации за ESWC. На средината на мај 2010 година, NaVi го освои второто место на престижниот Arbalet Cup во Стокхолм, откако загуби од Fnatic во финалето и притоа заработија награда од 10.000 долари.

Во финалниот дел на ESWC тимот го достигна најголемиот ранкинг, заедно со SK Gaming, Fnatic и mTw.dk: на 4 јули, Natus Vincere го освои ESWC, откако го совлада SK Gaming со 16-5 на de_train и 16-4 на de_inferno мапите.

По престижниот успех во светскиот шампионат, NaVI учествуваше уште на два турнири во 2010 година во Далас и Билбао. На 18 јули 2010 година, NaVi го освои турнирот во Далас и заработи 25.000 долари, а потоа го освои третото место во Билбао и Intel Extreme Masters.

На 15 август, NaVi победи на украинските квалификации за World Cuber Games и беше дел од финалето во Лос Анџелес. Следен турнир им беше на ASUS Summer, каде што добија директна покана. На 4 октомври тие станаа шампиони на World Cyber Games, а потоа играа во ноември на WEM 2010, каде што се собраа сите најдобри тимови, но NaVI го освои четвртото место и 7.500 долари.

Од 25 до 27 ноември во шведскиот град Јонкипинг учествуваа на DreamHack, а поради тоа мораа да го пропуштат турнирот на ASUS во Русија. Откако го освоија DreamHack 2010, тимот постави рекорд од 220.000 долари во една година и така го урна претходниот рекорд на Fnatic, кој го држеше со освоени 189.000 долари.

NaVi постигнуваше успеси и во следните години, а во 2016 го освои DreamHack во Лајпциг со триумф од 2-0 против Luminiosity Gaming, а потоа завршија на трета позиција на Intel Extreme Mastersot, додека на MLG Columbus завршија втори по поразот од Luminosity во финалето. На 17 април завршија на втора позиција и на DreamHack Masters во Малме во 2016, додеа не се прославија во Келн на ESL One бидејќи завршија во пласманот од петта до осма позиција.

Astralis е создаден од поранешниот играч на данскиот тим SoloMid. Првиот нивни настап беше на DreamHack Open Лајпциг 2016 во јануари, а нивниот тим успеа да победи познати тимови како Dignitas и Mousesports, но сепак во полуфиналето беа совладани од Luminosity. Следниот настап им беше на Global eSports Cup, каде што беа најдобри во нивната група, но во полуфиналето загубија од Team EnvyUs со 1-2.

Нивниот поход продолжува и понатаму, а им следи настап на MLG Columbus, каде што го освојуваат второто место, но потоа следи криза во екипата, која не ги оправда очекувањата и неколку пати беше елиминирана уште во групната фаза.

Astralis потоа се натпреварува и на ESL One во Келн, но таму е поразена од Virtus.pro во четвртфиналето. Потоа настапуваат во Атланта на ELEGUE, но загубија со 0-2 од Mousesports во четвртфиналето,  сепак до трофеј стигнуваат на ECS Season 2 откако во финалето го совладаа OpTic.

На 19 јануари 2018 година Astralis влегува во ELEAGUE мастерс во САД, но испаднаа многу рано, иако имаа желба да ја освојат титулата. Сепак, на ESL Pro League Season 7 во финалето слават против Team Liquid со 3-1 и ја освојуваат титулата.

Во Катовице на IEM Major во 2019 година ја освојуваат нивната трета Мастрес титула и стануваат втор тим во CS:GO, по Fnatic кој освојува три Мастерс титули, но тука не е нивниот крај. Тие настапија потоа на StarLadder Major во Берлин и така освоија три титули по ред од Мастерс серијата, како и четири во историјата.

Во моменталниот ростер на екипата на Astralis се натпреваруваат Xyp9x, dupreeh, gla4ve, device и Magisk.

Gambit на 8 јануари 2016 година активира екипа за CS:GO, па веднаш се квалификува за MLG Columbus 2016, но завршија на позициите кои се распределуваат на тимовите од деветто до 12. место. На 23 јули 2017 година, Gambit слави против Immortals со 2-1 во големото финале на PGL Major во Краков и станува првиот CIS тим, кој освоил Мастерс. За нив во моментов играат Hobbit, inters, Ax1Le, sh1ro, nafany.

Virtus.pro на 25 јануари 2014 година активира екипа во популарниот е-Спорт, а тие веднаш го освојуваат EMS One во Катовице во 2014 година, откако ја победија екипата на Ninjas in Pyjamas во финалето. Постоа завршија на позициите од петто до осмо место на ESL One во Келн, а нов трофеј добија на ESEA во април 2015.

Нови успеси за тимот на Virtus.pro доаѓаат на ELeague, каде што освоија 390.000 долари, а во 2017 година завршуваат на втора позиција на ELeague во Атланта, по што триумфираа на DreamHack во Лас Вегас, а годината ја завршуваат со втора позиција на EPICENTER 2017.

Потоа следи ремонт во составот на екипата, а во моментов за нив играат SANJI, buster, Qikert, Jame, YEKINDAR.

Team Liquid е професионална еспорт организација која е создадена во Холандија во 2000 година, а тимот во CS:GO им е активен уште од 13 јануари 2015 година. За нив во моментов играат Fallen, NAF, EliGE, Stewie2K, Grim, а тимот во историјата има заработка од неверојатни 4.926.437 долари.

Како настапи кои може да се издвојат турнирите од средината на 2016 година, кога го освојуваат второто место на ESL One во Келн, а потоа второ место на ELeague откако во финалето губат од Astralis, по што 2019 година им е ептен успешна бидејќи освојуваат дури осум турнири, од кои и Intel Grand Slam Season 2, кој им донесе награда од еден милион долари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*