Counter-Strike: Global Offensive

Counter-Strike е видео-игра која е со пукање во прво лице, а во кое се натпреваруваат два тима. Серијалот на играта почнува во 1999 година со првата верзија на Counter Strike, а подоцна се развиваат многу други верзии, како што се Counter-Strike 1.6, Counter-Strike: Condition Zero, Counter-Strike: Source, а во моментов најпопуларна е Counter-Strike: Global Offensive, во која се организираат турнири меѓу професионални играчи и аматери.

Counter-Strike: Global Offensive е четврто издание во главната серија на Counter-Strike, кое го разви Valve во 2012 година, а може слободно да се пофали со голем број на играчи, чија бројка на месечно ниво достигнува и до 120 милиони, што е навистина одлично.

Играта е составена од два тима, како и претходните, а главна задача им е да извршат некоја цел или да ги елиминираат сите противници кои се живи во соодветната рунда од натпреварот. На крајот од секоја рунда екипите добиваат награди, односно пари со кои ќе може да купат оружје во следната рунда.

Global Offensive има дури осум модови, а тоа се Competitive, Casual, Dаеthmatch, Arms Race, Demolition, Wingman, Flying Scoutsman, and Danger Zone. На турнирите вообичаено се играат 30 рунди, кои може да бидат поделени на една или повеќе мапи, а победникот е тој кој победнил на повеќе мапи, односно во соодветната рунда.

Оваа видео-игра е една од најпопуларните е-Спортови во светот, а професионалните играчи се натпреваруваат на турнири, кои се организирани од останати организации, како и од Valve. Мастерс-турнирите се едни од најпрестижните во Counter-Strike и имаат огромни наградни фондови, кои на почетокот изнесуваа по 250.000 долари, но за краток период пораснаа дури четири пати, односно до милион долари.

Серијалот на Counter-Strike има историја на натпреварување повеќе од две децении. Турнирите почнаа да се организираат од 2000 година, а Мастерс шампионатите почнаа во 2001 година со Cuberathelete Professional League Winster Championship, кој го освои екипата на Ninjas in Pyjamas. Турнирот се организираше во Далас, Тексас во 2001 година, а шведскиот тим беше доминантен на натпреварувањето, кое имаше награден фонд од 150.000 долари.

Во 2002 година, World Cyber Games станаа следен турнир да организира натпреварување во Counter-Strike, а веднаш потоа ги следеше и Electronic Sports World Cup во 2003 година. Како златни години во е-Спортот се смета периодот од 2002 до 2007 година, кога популарноста на видео-играта и нејзината вредност скокна драстичнот во е-Спорт индустријата.

Во октомври 2015 година, голем број е-Спорт организации со тимови од Counter-Strike објавија формирање на „trade union“, која испрати барања за следните турнири. Во Унијата беа голем дел од познатите екипи, меѓу кои се Natus Vincere, Team Liquid, Counter Logic Gaming, Cloud9, Virtus.pro, Team SoloMid, Fnatic, Ninjas in Pyjamas, Titan и Team EnVyUs. Тимовите се согласија да не настапуваат на турнири, чиј награден фонд ќе изнесува помалку до 75.000 долари.

Во 2016 година беше формирана Светска е-Спорт асоцијација од страна на ESL и многу е-спорт тимови, меѓу кои се Fnatic, Natus Vincere, Team EnVyUs и FaZe Clan, иако FaZe го напушти сојузот кратко по формирањето на лигата.

Светската асоцијација објави дека ќе претстави елементи на презентација на играчите, стандардизирани протоколи и награди за тимовите, а исто така тие планираа да им помогнат на фановите и организаторите во организацијата на турнирите.

CS:GO има и голема поддршка од медиумите, кои вршат преноси на професионалните натпревари на тимовите, а тоа почна со Мастерсот ELEAGUE 2017, кој беше одржан на Fox Theatre и беше пренесуван на TBS. Во 2018 година, исто така продолжија преносите и на други поголеми телевизии.

Како и во традиционалните спортови, како фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и други, така и тука постои можност за лажирање на натпревари, односно „местење“ на резултат меѓу другото, како и користење на недозволени софтвери за подобри перформанси на професионалните играчи, но сите тие се следат од страна на организаторите и се казнуваат соодветно.

VAC систем е специјално дизајниран за да открива т.н. „читови“, односно нелегален софтвер. Секогаш кога еден играч ќе се конектира на VAC-secured сервер и притоа е детектиран недозволен софтвер, натпреварувачот е исфрлен од натпреварувањето и добива казна поради тоа.

Користењето на ваков софтвер се појавува и на професионалните турнири, каде што постојат неколку случаи, при кои играчите заработиле целосна суспензија од CS:GO, а само во 2020 година Комисијата за интегритет на е-Спортот (ESIC) „банираше“, односно суспендираше 37 тренери бидејќи го дискриминирале правото да бидеш гледач на натпреварите и откривале податоци за противничките тимови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*