И во Fortnite постојат многу турнири, како и во останатите е-Спортови, а ние денеска ќе ви го претставиме Fortnite World Cup, кој има богат награден фонд, а тој во 2019 година изнесуваше неверојатни 30 милиони долари и турнирот се одржа од 26 до 28 јули во Њујорк.
Welcome @MrSavage to 100 Thieves!
— 100 Thieves (@100Thieves) February 20, 2020
MrSavage qualified 4x for the 2019 Fortnite World Cup and placed T30 in both Solos & Duos. This 15-year-old Norwegian phenom has solidified his spot as a top competitor and creator in the scene. We’re beyond excited to have him on 100 Thieves! pic.twitter.com/5UnRvj1iJW
Fortnite World Cup користи два мода на видео-играта Fortnite. Главниот дел од турнирот користи Fortnite Battle Royals, видео-игра во која 100 играчи се спуштаат на остров без никаков оружје или опрема. Откако се на земја, тие мора да бараат оружја, опрема и останати предмети за лекување, а секирата која доаѓа со нив на почетокот се користи за да добијат дрва, камења и останати ресурси.
The Fortnite World Cup 2019 was exact a year ago. #Fortnite pic.twitter.com/3th8IiVtdZ
— Mikey | Fortnite News & Leaks (@MikeDulaimi) July 26, 2020
Тоа мора да се напраив со избегнување на напади од останати играчи, кои се на мапата, која постојано се стеснува во одреден круг. Играчите може да користат ресурси за да изградат ѕидови, под и скали кои ќе се користат како одбрана од нападите на останатите ривали. Последниот играч кој ќе остане победува. Во Fortnite Creative, играчите може да градат уникатни места, кои ќе се користат за натпреварување меѓу други играчи.
#BLU #eSports #Gaming #Investments
— Blue Star Capital (@BlueStarCap) April 8, 2021
ESPORTS vs TRADITIONAL SPORTS
➥ Esports have grown massively over the last decade, and are now beginning to challenge audience numbers of traditional sports
➥ The Fortnite World Cup in 2019 is a good example of thishttps://t.co/BKTG4ALYGb pic.twitter.com/qdwd2p8hKy
Fortnite World Cup има онлајн настан кој трае 10 недели од април до јуни. Овие недели се користат од страна на соло играчите. Секоја сабота играчите добиваат одреден регион во кој треба да се натреваруваат и да одиграат до 10 натпревари од кои собираат поени преку елиминации и победи. Најдобрите 3.000 играчи/тимови од секој регион потоа се натпреваруваат во недела, повторно за да добиваат поени.
I remember working with @CouRageJD the week he signed with @100Thieves when we were working on the Fortnite world cup. What a journey. huge congrats to he and @Valkyrae both. https://t.co/LgF1sHoZ6y
— Alex Punch (@punchale) April 7, 2021
Најдобрите 10 од секој регион ќе се пласираат на Светското првенство. Околу 40 милиони играчи се натпреваруваат соло и во тимови за големиот настан. Во финалето на Светското првенство, натпреварувачите играат по шест меча, каде што собираат поени. Соло играчот или тимот кој ќе собере најмногу поени по шест натпревари ја добива главната награда, додека останатите добиваат дел од наградниот фонд. Сите соло играчи добиваат најмалку 50.000 долари зашто стигнале до финале, додека главната награда изнесува три милиони долари. Исто така, за тимовите наградите се 100.000 долари, додека главната награда е три милиони долари.
Today, we’re letting you know that our collaboration with @GTOslo has come to an end.
— Team Vitality (@TeamVitality) April 9, 2021
Our journey together went for almost 2 years with some crazy good moments, especially during 2019 Fortnite World Cup 🎉
We wish you good luck for your next chapter 💪 pic.twitter.com/JDAytR11nm
Fortnite Creative Cup е онлајн настан во кој се бираат играчи за финалето, а се одржува во рок од април до јуни. Секоја недела е достапен нов предизвик, а играчите на островот мора да објават видео од предизвикот во тој период. За секој период, се бираат три најдобри играчи од судиите. Секој од нив заработува 5.000 долари и добива место во финалето на Creative Cup.
How i quallified for the fortnite World cup week 5 (60000$) pic.twitter.com/9vmrfDD1jr
— Huty (@HutyFN) April 10, 2021
Epic Games ја објави оригиналната верзија Fortnite: Save the World која беше достапна од јули 2017 година. Инспирирана од тоа, Epic објави и Fortnite Battle Royals во септември 2017 година, која набрзо стигна до 125 милиони играчи, а притоа заработката од играта достигна 2,4 милијарди долари.
Fortnite World Cup е поделен на два настани, еден за соло играчите, како и еден за тимовите составени од два играчи, кои играат по шестс натпревари.
Настанот во 2019 година во соло беше одржан на 28 јули, а најдобар беше Американецот Кајл Гирсдорф, кој заработи три милиони долари. Форматот во соло е составен така што секој од играчите добива одреден број на поени во секоја рунда. Првото место од секој меч добива по 10 поени, од второ до петто добиваат по седум поени, од шесто до 15. место по пет поени и од 16 до 25 место по три поени. Истото важи и за натпреварите во тимови.
Epic може да се пофали дека на турнирот, односно World Cup биле присутни 23.700 гледачи, а исто така околу 2,3 милиони луѓе го гледале настанот преку Twitch и Youtube.
Be the first to comment