FIFA Турнири

FIFA е онлајн видео-игра која е развиена од Electronic Arts, а натпреварувачи од целиот свет се борат на различни турнири за одредена парична сума и може без сомнеж да кажеме дека е една од најпопуларните во светот.

Fifa eWorld Cup, кој е познат и како FIFA Interactive World Cup (FIWC) е е-спорт турнир организиран од FIFA и претставуав партнер на EA Sports. Секој турнир има играчи кои се натпреваруваат во видео-играта, а отворените квалификации им дозволува на милиони играчи да се натпреваруваат за да стигнат до главната фаза.

Овој турнир беше претставен во 2004 година во Швајцарија, а со текот на годините растеше и бројот на натпреварувачи. Во 2010 година, FIWC за првпат постави Гинисов рекорд, но во 2013 година дури 2,5 милиони играчи се пријавија за новиот турнир.

На 1 октомври 2015 година, кога се појави FIFA 16, за првпат во историјата на натпреварувањето играчите можеа да се борат на Xbox One И Playstation 4. Следната година се натпреваруваа околу 2,3 милиони натпреварувачи на Playstation 3, а големото финале се одржа во Њујорк.

Во 2018 година, FIFA Interactive World Cup (FIWC) доби друго име и беше наречен FIFA eWorld Cup (FeWC). Во 2018 година финалето беше одржано од 2 август до 4 август во „О2 Арена“ во Лондон. 32 финалисти (16 на Playstation 4 и 16 на Xbox One) се натпреваруваа во групна фаза, по што најдобрите се пласираа во големото финале, кое се одржа на 4 август.

Онлајн натпреварувањето се одржува така што играчите се борат преку нивните конзоли за натпреварување и најдобрите 16 добиваат покана за eWorld Cup. Во големото финале се натпреваруваат 32 играчи, од кои 16 на Xbox и 16 на PS4.

FeWC шампионатот имаше награден фонд од 250.000 долари, како и влезница за доделување на „Златната топка“. Шампионот од 2015 година Abdulaziz Alshehri од Саудиска Арабија доби можност да ги запознае Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Второпласираниот освојува награда од 50.000 долари.

Големото финале се пренесуваше на Јутјуб и Твич, а за првпат финалето во 2016 година се пренесуваше и на ТВ во повеќе од 100 држави ширум светот. Fox 1 ги пренесуваше финалето во САД и беше гледано од голем број публика.

Освен тоа што се играат овие натпревари, постојат и квалификации за репрезентациите, како што е eEuro 2021, на кое учество во квалификациите има и македонската фудбалска репрезентација, како и голем број други репрезентации.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*